„Скептицизмот кон вакцините на граѓаните е необјаснив, слушам неверојатни работи, а бројките зборуваат сами за себе: меѓу 22 и 28 август, имаме 231 смртен случај, а вкупно 221 случај, или 97%, се невакцинирани пациенти“, вели бугарскиот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев, во интервју за БНР.
Според него, Бугарите во моментов не ги почитуваат дури и основните мерки – да не се групираат и да носат маски во затворени простории. Кунчев потсети дека главниот проблем со високото ниво на активни случаи е недостатокот на доволен медицински персонал во болниците.
Во моментов во Бугарија има околу 3.500 хоспитализирани пациенти, а има слободни места за максимум до 8.000 лица што системот може да ги поднесе, предупреди главниот државен здравствен инспектор.
Тој, исто така, објави дека во областите кои први ги зафати четвртиот бран – Бургас, Трговиште и Велико Трново, во моментов се регистрира плато.
-Тешко е да се каже дали го достигнале максимумот. Радува тоа што нема зголемување, додаде Кунчев.