Published: Monday, March 6, 2017 09:10
Северна Кореа истрелала четири балистички ракети, од кои три паднале во јапонските води, изјави јапонскиот премиер Шинзо Абе во парламентот. Тоа го потврди и Јужна Кореа која одржа итна седница на националниот совет.
Се уште не е јасно каков тип на ракети биле истрелани. Северна Кореа во изминатиов период неколку пати извршуваше проби со балистички ракети. Последниов случај, според новинските агнции, се доведува во врска со заедничките маневри на американските и јужнокрејските сили кои почнаа на 1 март.




