Published: Monday, March 6, 2017 13:43
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) бара од Министерството за правда да ги оспори тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека неговиот претходник Барак Обама го прислушувал пред претседателските избори, изјави неименуван функционер.
Трамп на Твитер го обвини поранешниот претседател дека го прислушувал за време на кампањата.
Директорот на ФБИ Џејмс Комни рече дека обвинувањата се лажни и дека мора да бидат повлечени, пренесе Њујорк Тајмс.
Претседателот на САД заедно со обвинувањата го нарече Обама и „злобен (болен) човек“.




