Жо-Вилфред Цонга и Давид Ферер ја формираат првата полуфинална двојка на тенискиот грен слем, Ролан Гарос.
Двајцата тенисери во досегашниот дел од турнирот не загубија ниту еден сет.
Цонга, на патот до полуфиналето го елимиминира Роџер Федерер со 3:0 (7:5, 6:3, 6:3), мечот траеше еден час и 51 минута. Францускиот тенисер одигра одличен меч, додека Федерер беше далеку под своето ниво.
Цонга против Федерер ја запиша можеби и најголемата победа во кариерата и воедно се избори за своето петто полуфинале на грен слем турнирите.
Французинот има и едно грен слем финале – во 2008 година загуби од Ѓоковиќ на Австралија Опен.
Давид Ферер, против сонародникот Томи Робредо се избори за своето шесто полуфинале на грен слем турнирите. Ферер го совлада Робередо лесно и убедливо со 3:0 (6:2, 6:1, 6:1).
Цонга и Ферер досега имаат одиграно три меча, Французинот има предност од 2-1.