Судирите во Турција продолжија неколку часови откако вицепремиерот Булент Аринч се извини за насилниот полициски одговор на првичните протести минатата недела, јавува Би-Би-Си.
Турската полиција изминатата ноќ повторно употреби солзавец и водени топови за разбивање на антивладините протести во Истанбул и Анкара, јавија турските медиуми.
Полицијата интервенирала откако демонстрантите не ги послушале нејзините барања да се разотидат.
Демонстрантите во Анкара се обиделе да се пробијат до зградата на турската Влада, а во Истанбул до канцеларијата на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, сместена во дворецот Долмабахче Сарај.
Припадниците на специјалните полициски сили во Истанбул им делеле каранфили на демонстрантите, кои „започнаа протести против градежните работи во истанбулскиот парк Гези, јави агенцијата Анадолија.
Во Анкара демонстрантите „им пришле на полицајците, но овој пат не носеле камења или пиротехнички средства, туку наместо тоа им подариле каранфили“.
Аринч треба да оствари средба со активиститe во текот на денешниот ден.
Протестите во текот на уривање на еден парк во Истанбул се зголемија во деновите на немирите во целата земја.
Аринч им се извини на демонстрантите повредени во протестите- тој рече дека тие беа “праведни и легитимни” и “прекумерната употреба на сила” од страна на полицијата не беше во ред.