Група ловокрадци упаднале во француската зоолошка градина и го убила четиригодишниот носорог, по што му го отсекле рогот и побегнале.
Чуварите го пронашле мртвиот носорог, наречен Винс, во африканскиот дел на зоолошката градина во Тоири, западно од Париз. Му било пукано во глава, а рогот му бил отсечен со моторна пила.
Прв случај во Европа
Ловокрадците побегнале пред да успеаат да му го отсечат и вториот рог. Полицијата се уште не знае дали во тоа ги спречило откажувањето на пилата. Надлежните служби, овој случај го означија како прв од ваков вид во Европа.
Тие на сила ја пробиле оградата на задниот влез во зоолошката градина, а потоа влегле нив две заклучени врати во објектот каде се наоѓале трите бели носорози, објави Индепендент.
Директорот на зоолошката градина Тјери Дуже изјави дека нападот е просто „неверојатен“ и дека Винс бил една од најпопуларните атракции во зоолошката градина.
– Чин на такво ексремно насилство никогаш досега не се случило во Европа, изјави тој.
Варварски чин
Винс кој е роден во зоолошката градина во Анемо во Холандија кон крајот на 2012 година, донесен е во Тоири во март 2015 година. Од зоолошката грдина велат дека тој припаѓа на подвидот бели носорози кои се екстремно загрозени.
-Винс утрото го пронашол чуварот со кого бил приврзан. Овој ужасен чин се случил иако на две места имало камери и пет членови на персоналот, стои на Фејсбук стѕраницата на зоолошката градина.
Овој монструозен чин предизвика големи реакции во јавноста, нарекувајќи го убиството, варварски чин.
Бившиот директор на зоолошката градина, Пол де ла Панус изјави дека ова го направиле професионалци.
-Не е лесно некој да се искачи на ограда висока 3,5 метри, да влезе преку заклучени врати и да убиеш носорог кој тежи неколку тони, изјави Панус.
Вредноста на рогот на носорогот се проценува меѓу 30.000 и 40.000 фунти. Детективите изјавија дека постои мрежа на препродавачи меѓу Франција и Азија.
Велиот носорог е загрозен вид, и се проценува дека во дивина се останати некаде околу 21.000, најмногу во Јужноафриканската република и во Уганда. Нивните роговори се барани во Азија, каде сметаат дека имаат афродизијачки својства. Минатата година во Зимбабве властите најавија како ќе им ги острануваат роговите на младите носорози за да ги спречат ловокрадците да ги убиваат заради тоа.




