Јанез Јанша, поранешниот премиер на Словенија, е осуден на две години затворска казна и парична глоба од 37.000 евра.
Полковник Тоне Крковиќ, поранешен помошник началник на Генералштабот на словенечката вооружените сили и Иван Црнковиќ, сопственик на Ротис се осудени на 22 месеци затвор и 37.000 евра парична казна казна за земање мито од финската компанија Патриа за склучување на договори за 136 оклопни борбени возила за словенечката војска во вредност од 278.000.000 евра, објави судијата на Окружниот суд во Љубљана Барбара Клајнпек.