Во Турција се приведени 25 блогери
25 блогери и активисти на социјалната мрежа Твитер во Измир се приведени од полицијата со обвинување дека шират дезинформации, јави БИ БИ СИ повикувајќи се на новинската агенција Анадолија. Според обвинението приведените блогери придонеле за нарушувањ на јавниот ред со ширење на антивладина пропаганда.
Приведените се млади лица на возраст под 30 години. Во акцијата извршен е претрес на 38 апартмани во Измир.
Турскиот премиер Ердоган неодамна изјави дека социјалната мрежа Твитер е закана за општеството.