„Самсунг“ ја доби битката со гигантот „Епл“ во полето на високата технологија.
Американскиот трговски панел ги забрани постарите, но сеуште популарни производи на Епл на пазарот во САД, откако заклучиле дека нарушиле патентиран производ на Самсунг.
Одлуката вклучува постари модели на „iPad“ и „iPhone“кои имаат способност да пренесуваат повеќе услуги истовремено преку 3G безжичната технологија.
Од Епл велат дека ќе се жалат на одлуката.
Ова е најновиот случај од бројните судски спорови помеѓу двата гиганти за електроника кои се спротиставени во правни битки во десет различни земји.
Самсунг е најголемиот производител во светот на „Smartphone“, кои се продаваат повеќе од тие на Епл со размер 2:1. Бизнисот со таквите телефони е сепак попрофитабилен за Епл.