Илјадници луѓе се евакуирани, а четворица се хоспитализирани поради повредите здобиени во пожарот кој избувна во московското метро.
Повредени се триесетина луѓе, главно од гушење од густиот чад.
Пожарот, кој избувнал во еден од тунелите бил предизвикан од електричен кабел, изјави Виктор Бурјуков од московскиот центар на Министерството за вонредни ситуации.
Пожарот е целосно изгаснeт во рок од 40 минути и метрото нормално функционира. Пожарот е веќе изгаснат.
Од метрото поради чадот веќе се евакуирани 4.500 лица.