Published: Thursday, March 9, 2017 13:00
Хаваи е првата сојузна држава која поднесе тужба против новата извршна уредба на американскиот претседател Доналд Трамп.
Државните обвинители поднесоа тужба до федералниот суд во Хонолулу, пренесе АП.
Хаваи тврди дека оваа уредба која Трамп ја потпиша во понеделникот, го крши американскиот Устав, а во тужбата се наведува дека уредбата и нанесува штета на муслиманската популација на Хаваи, на туризмот и на странските студенти.
Тужбата е поднесена откако претходно американскиот окружен судија Дерик Вотсон изјави дека сојузната држава може да поднесе дополнета тужба против новата извршна уредба на американскиот претседател, со која ја оспорија Трамповата прва уредба потпишана во јануари.




