Косовскиот парламент денеска усвои резолуција со која се бара безулсовно ослободување на Рамуш Харадинај и прекин на дијалогот со Белград до исполнување на ова барање.
За текстот на резолуцијата гласале 78 пратеници, додека еден бил против.
Резолуцијата превидува суспендирање на дијалогот Белград- Пришрина до ослободување на лидерот на Алијансата за иднина на Косово Харадинај. Од Владата на Косово се бара ЕУ да изврши притисок врз Србија да ги поништи сите обвиненија.
Харадинај е притворен во Франција на 4 јануари по потерница на Интерпол, а на барање на српското Обвинителство кое го товари за воени злосторства на Косово во текот на судирите во 1998 и 1999 година. Судството во Србија бара од Франција да го испорача Харадинај, за што судот во Колмар ќе одлучува на 6 април.




