Најмалку 60 луѓе се убиени, а неколку десетици се повредени од кои повеќето ирачки шиитски аџии, во двојниот напад изведен во Стариот град на Дамаск, соопштија од опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (СОХР) со седиште во Лондон, повикувајќи се на извештаи од своите активисти на теренот. Станува збор за две експлозии на импровизирани експлозивни направи, а цел на напаѓачите биле автобуси со коишто шиитските аџии патувале кон гробиштата
„Најмалку еден бомбаш самоубиец се разнел во Стариот град на југоистокот од Дамаск“, изјавил за АФП, Рахман Абделрахман, директор на СОХР. Според него, убиени се најмалку 59 луѓе, од кои 47 се ирачки шииттски аџии и 12 војници лојални на владата во Дамаск, а повеќе десетици се ранети.
Очевидец на фоторепортерот на АФП му потврдил дека вториот напад се случил кога минувачите се собрале да им помогнат на повредените по првата експлозија.
Сириската државана телевизија објави дека властите го деактивирале експлозивот поставен на мотоцикл поставен во близина на гробиштата Баб ас-Сагир.
Во овој комплекс се сместени бројни шиитски мавзолеи на свети лица и светилишта за шиитските аџии. Гробиштата Баб ас-Сагир имаат големо значење на муслиманите шиити , бидејќи таму се погребани учесници од историската битка кај Карбала.
Засега никој не презема одговорноста за овие напади. Претходните напади ги преземаа џухадистичките сунитски организации како Исламската држава и сириската Ал Каеда за кои шиитите се неверници.




