Нов советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама е досегашната амбасадорката во ОН, Сузан Рајс, таа доаѓа на местото на Том Донилон.
За нов амбасадор во ОН е номинирана Саманта Пауерс, поранешна новинарка и советничка на Обама. Промените во владиниот кабинет ги соопшти самиот претседател.
Рајс важи за доверлива соработничка на Обама, н беше критикувана од републиканците во истрагата за нападот врз дипломатското претставништво на САД во Бенгази, Либија, во кој загинаа амбасадорот Кристофер Стивенс и тројца други Американци. Рајс во првичните интервјуа по нападот изјави дека нападот бил спонтан, што се покажа неточно.
Во Вашингтон, Сузан Рајс се сметаше за веројатен наследник на Хилари Клинтон за местото на државен секретар, но се повлече поради жестоките критики на републиканците.