https://www.youtube.com/watch?v=Zqg7eUZP688
Десетици луѓе останале заробени под металната конструкција откако рингишпил се откачил од држачот за време на фестивал во кинеската провинција Гансу.
Металната рамка, на која се закачени ланците со столици, во еден момент, на висина од пет метри, се откачил и паднал на земја.
Стравичниот момент е регистриран на видео на мобилните телефони на присутни во публиката.
Десетици луѓе останале заробени под конструкцијата, а засега, како што објави Дејли меил деветмина се повредени. Меѓу оние кои биле на рингишпилот имало и едно дете. Веднаш по несреќата приведен е сопственикот.
Преплашените сведоци велат дека се слушнал гласен удар и врисок.
-За среќа, возењето не беше толку забрзано во моментот на несреќата, бидејќи ќе имаше повеќе повредени, а можеби и загинати, доколку беа на поголема висина, изјавил еден од сведоците.
Засега едно лице со посериозни повреди е пренесено во болница. Останатите осум повредени се однесени само на преглед, но не се со сериозни повреди.
Минатиот месец во Кина еден тинејџер загина во сличен инцидент во луна парк.




