Турскиот активист Етем Сарисулук (Ethem Sarisuluk), кој беше повреден во протестите во главниот град на Турција, Анкара, им подлегна на повредите, објави турската медицинско
здружение.
Сарисулук, чија мозочна смрт веќе беше прогласена, е трет загинат во насилните протести и немири кои од средината на минатата недела ја тресат Турција.
Првата официјално потврдена жртва беше 20-годишниот Мехмет Ајвалитас, убиен во насилните протести, кога со такси возило влета во групата демонстранти.
Втората жртва е 22-годишниот Абдула Чомерт, млад член на опозициската Републиканска народна партија.
Властите првично пријавија дека е “сериозно повреден во престрелка од страна на непознати лица”, а подоцна починал во болница, но обдукцијата откри дека тој не бил застрелан, туку дека починал како последица на здобиени удари во главата.
Турската организација за човекови права (THRA) вчера објави дека за време на протестите најмалку 1.300 луѓе се повредени, а 3.300 се уапсени низ целата земја. Повеќето од нив по испрашување биле пуштени на слобода.