Белата куќа преку соопштение објави дека Доналд Трамп во 2005 година платил 38 милиони долари данок на приходи од 150 милиони долари, со што за неколку минути ја пресретна веста на една телевизија која најави дека ќе го објави тој податок.
Медиумите од минатата година бараат од Трамп да ги објави своите даночни податоци за да се утврдат изворите на неговите приходи и можните судири на интереси со положбара претседател на САД.
Во текот на изборната кампања тој одбиваше да го објави тоа, со што ја прекина долгата американска традиција. Рече дека е под официјална ревизија на Даночната служба и дека адвокатите му советувале да не ги објавува своите даноци. Критичарите, меѓутоа, велат дека се сомневаат дека Трамп сака нешто да скрие.
Новинарката на Ем Ес Ен Би Си Рејчел Медоу вчреа на Твотер напиша дека ја има даночната пријава на Трамп од 2005 година и дека ќе ја објави во 21 часот по локално време.
Наводно до документот дошол новинарот Дејвид Кеј Џонсон, добитник на Пулицер и дека документот му стигнал по пошта, иако не го побарал.




