Еден час траеше средбата меѓу лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
По средбата, Касами изјави дека на средбата се зборувало за деблокирање на институциите и повторно враќање на Македонија на патот кон НАТО и ЕУ интеграциите. Контактите меѓу партиите ќе продолжат и во наредните денови, рече Касами. Повеќе детали за разговорите најави во соопштението што движењето ќе го објави подоцна.