Во сомнителен пакет адресиран до германскиот министер за финансии Волфганнг Шојбле кој денеска стигнал до Министерството пронајден е експлозив, јавија германските медиуми.
Германската полиција дошла во Министерството веднаш по повикот, а по проверката утврдено е дека пакетот би можел да биде опасен, односно дека има мала разорна моќ, како петарда, но дека можел да ги повреди вработените доколку експлодирал.
Според пишувањето на Билд, пакетот бил адресиран до министерот Шојбле, а содржел експлозивна материја која при отворањето би можела да предизвика сериозни повреди.
Вработените во пријавницата на Министерството пакетот го забележале утрово околу 10 часот при скенирање.
Потоа стручњаци го демонтирале пакетот и го однеле на проверка, соопшти портпаролот на полицијата Томас Нојендорф, кој потоа бил уништен со контролирана деактивација.
Дел од зградата на Министерството бил евакуиран во текот на акцијата на полицијата.




