Од 1 јули директор на Генералната дирекција (ГД) за проширување ќе биде шведскиот дипломат Кристијан Даниелсон. Тој ќе го замени Италијанот Стефано Санино кој две години ја водеше оваа дирекција.
Даниелсон, роден 1956 година, е добар познавач политика на проширување, на Балканот а исто така добро ја познава Македонија. Во 2007 година тој беше директор за Хрватска, Македонија и Турција во ГД за проширување, три земји кандидати за членство. Претходно Даниелсон беше заменик на шефот на кабинетот на комесарот за проширување во тоа време Гитнер Ферхојген.
Од ГД за проширување од 2008 до 2010 година Даниелсон го презеде амбасадорското место во мисијата на Шведска при ЕУ во Брисел а потоа беше назначен за заменик на генералниот секретар на ЕК.
Санино ја напушта ЕК и отсега ќе биде амбасадор во мисијата на Италија во ЕУ.