Published: Thursday, March 16, 2017 11:52
Интерпол објави црвена потерница за четири лица кои се доведуваат во врска со убиството на Ким Јонг нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун, сооптија властите на Малезија.
Ројтерс пренсува дека малезиската полиција, која идентификувала седум државјани на Северна Кореја поврзани со убиството, минатиот месец побарала помош од Интерпол.
Меѓу оние кои се бараат со потерница се четири лица за кои се верува дека успеале да се вратат во Пјонгјанг.
Малезиските власти тврдат дека полубратот на Ким Јонг ун е убиен на 13 февруари на аеродромот во Куала Лумпур, откако две жени му го намачкале лицето со нервен отров Ве икс.
Северна Кореја која се сомничи дека стои зад убиството, ги негира обвинувањата.




