Неколку часа пред да стапи на сила, федералниот судија Дерик Вотсон ја блокираше и новата извршна уредба на американскиот претседател Доналд Трамп со која повторно се забрануваше влез во САД за државјани на поедини држави.
Според него новата извбршна уредба не ги исполнува правните основи и изададе привремена забрана која важи на цела територија на САД.
На собирот одржан во Тенеси, Трамп изјави дека пресудата е без преседан и дека поради тоа САД изгледаат немоќно. Тој додаде дека ќе оди „до каде што ќе биде потребно“, вклучувајќи го и Врховниот суд, каде, како што рече, ќе победи.
Новата извршна уредба со забрана за влез во САД требаше да стапи на сила денеска. Со неа се забрануваше влез во САД за државјаните на Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен на 90 дена, а на бегалците на 120 дена.
Ова е втора ваква уредба на Трамп која е донесена откако голем број судови во САД ја блокираа првата уредба.
Во втората, од листата е отстранет Ирак, како и делот кој обезбедуваше привилегии за одредени верски малцинства.




