Published: Thursday, March 16, 2017 13:37
Неколку луѓе се повредени во вооружена престрелка во градот Грас на југот на Франција. Француската влада преку незината мобилна апликација издаде предупредување од терористички напад.
Извори блиски до истрагата за Агенцијата АФП изјавиле дека човек со неколку парчиња оружје влегол во средното училиште Токвил и почнал да пука.
ТВ каналот BFMTV објави дека вооружеиот прво пукал во директорот и во уште двајца кои се полесно повредени.
Според телевизијата едно лице е уапсено, а на местото се наоѓаат припадници на антитерористичката единица.




