Published: Thursday, March 16, 2017 15:46
Француската полиција соопшти дека е уапсен 17 годишен ученик од средното училиште „Алексис Токвил“ во Грас кој вооружен со пушка, два пиштоли и две рачни бомби влегол во училиштето и го ранил директорот и уште седуммина други.
Според очевидци напаѓачот имал и помагач, кој е во бегство. Тој не и е познат на полицијата од претходно.
Иако Француските власти претходно објавија предупредување за тероризам, локалните власти соопштија дека се работи за инцидент поврзан со училиштето.




