Не се создадени услови да се промени законот за прекинување на бременоста изјави Славица Ѓукиќ Дејановиќ министерка за здравство на Србија. Ѓукиќ Дејановиќ реагирала на барањето на Српската првославна црква во Србија да се забрани абортусот.
Министерката порачала дека е право на секоја жена на секој начин да го планира своето потомство пренесува агенцијатаТанјуг.
-Српската православна црква која ја почитувам повеќе од се, има право на свои ставови, но професијата, европските и светските стандарди кон кои тежнееме, како и расположението на граѓаните одлучуваат на кој начин ќе го регулираме законодавството вклучувајќи го тука и абортусот изјави српската министерка за здравство.
Во разговор со новинарите таа нагласила дека нејзиниот став е дека оваа област е коректно регулирана со досегашниот закон и дека право на секоја жена е сама да си го планира семејството.