Блокадата на парламентот во Сараево заврши околу четири часот наутро. Граѓаните се разидоа откако беше постигнат договор со Велентина Изнко, висок претставник на Босна и Херцеговина.
Изнко ги започна разговорит со демонстрантите пред парламентот околу 02:30 наутро. На граѓаните им вети дека ќе го покрене прашањето на донесување на законот за единствен матичен број (ЕМБ).
Граѓаните бараа платите на парламентарците да се спуштата за 30 проценти и од тоа да се финансира Фондот за лечење на тешко болните децата во странство.
Ситуацијата стана тензична кога синоќа пред парламентот во Сараево се собраа стотици граѓани испровоцирани од власта бидејќи девојчето Белмина Ибришевиќ неможела да добие единствен матичен број за да може да патува и да лекува во странство.
Како што јавуваат босанските медиуми луѓето протестираат бидејќи не е донесен Предлог закон за ЕМБГ, туку привремено решение за негово издавање.