Првата телевизиска дебата на претседателските кандидати во Франција ја одбележа остра расправа на различни теми, од буркини до Крим. Во еден дел во кој се зборуваше за припојувањето на Крим кон Русија, Франсоа Фијон рече дека „Западот сам црта граници“ и како пример го наведе Косово.
– Ние цртавме граници, меѓу останатото пример е Косово. Ние мислиме дека ако сме од Запад се ни е дозволено – може да влеземе во Ирак, може да воведуваме ред во кој било дел од светот… Постои основен принцип: народот има право сам да си ја избира суднината. Постојат и граници кои се воспоставени на начин кој народот не го допуштил, неочекувано изјави Фијон во дебатата.
Позицијата на западните земји во однос на Крим ја критикуваше и лидерот на радикалната левица Жан Лук Меланшон.
– Мене лично ми изгледа дека Крим повеќе е приврзан кон Русија, рече тој.
Остатокот од дебата ја одбележа остра расправа во која на удар на останатите кандидати се најде ултрадесничарката Марин Ле Пен, најмногу заради нејзините ставови за безбедноста и за местото на исламот во Франција.
Ле Пен која се противи на емиграцијата и која сака да ја ограничи верската облека на јавните места, рече дека буркините (костим за капење што го носта муслиманските жени) е „знак на будење на радикалниот ислам во Франција“ и го обвини Макрон дека тоа го поддржува.
-Буркини е проблем за јавниот ред. Не користете ја ситуацијата да ја делите Франција, рече Макрон.
Ле Пен и Макрон заедно седеа во студиот на ТФ1 телевизија, заедно со кандидатите, кои според истражувањето на јавното мислење се на трето и четврто место – Франсоа Фијон и Беноа Амон и со петопласираниот Меланшон.
Фијон го отфрли предлогот на Ле Пен да се создаде простор за повеќе од 40.000 затвореници, како нереален, истанувајќи дека никогаш повеќе не е направено досега, како за последните пет години“, изнесувајќи го неговиот предлог за 16.000 затвореници.
Ле Пен велезе во расправа со кандидатот на социјалистите Беноа Амон, кој ја нападна поради нејзините ставови за безбедноста во јавните училишта, за кои таа рече дека во нив „беснее насилство“.
– Без мир во школите невозможно е да се учи, рече Ле Пен, а Амон на тоа одговори дека поради тоа децата не треба да бидат заложници и додаде дека нејзините ставови се „одвратни“.
Центристот Емануел Макрон, кој според истражувањата, според бројот на гласачи е изедначен со Ле Пен, ја обвини дека се обидува да ја подели Франција во врска со костимите за капење на муслиманските жени, кои го покриваат целото тело (буркини).
Овој тим на костими минатата година беа забранети во неколку француски приморски градови, бидејќи локалните власти сметаа дека се „провокација“ и дискриминација.
Според податоците на весникот „Фигаро“, 37 проценти од гледачите сметаат дека Фијон бил најубедлив. Второто место е за лидерот на движењето „Напред“ Емануел Макрон, додека третото место го делат Ле Пен и лидерот на левицата Жан Лук Меланшон.
Француските претседателски избори ќе се одржат на 23 април, а за првиот круг има пријавено 11 кандидати. Вториот круг би требало да се одржи на 7 мај, а најновата анкета покажа дека Макрон тогаш би можел лесно да ја победи Ле Пен.




