Заменик премиерот на Северна Ирска, бивш командант на ИРА и лидер на Шин Фејн Мартин Мекгинис почина на 66 годипна возраст.
Според Би би си, Мекгинис починал од ретка болест на срцето.
Бившиот лидер на Ирската републиканска партија стана миротворец кога работеше на мировниот догвоор во 1998 година, а на местото заменик премиер на Северна Ирска е избран во 2007 година.
Од ИРА истапил во 1974 година кога премина во политиката. Во јануари тој се повлече од политичката сцена поради здравствени проблеми.
Од командант на ИРА до политички лидер
Од командант на ИРА до политички миротворец, животниот пат го водеше Мекгинис од Богсајд, преку мировни преговори до замокот Винсдор.
Во Богсајд, Католиците беа сиромашни и обесправени, маршевите за граѓански права се претворија во нереди, поради што британската армија беше распоредена на улиците.
Мекгинис се приклучи кон ИРА верувајќи дека вооружената битка е единствениот начин да се додје до ослободување на Дери, вториот по големина град во Северна Ирска и четврти на островот Ирска.
Брзо напредуваше во хиерархијата на ИРА, а на удар на неовата кампања беа и унионистите, но и Католиците кои ниту ја прифатија оваа стратегија, ниту пак се спротивставија.
Крватата недела (Bloody Sunday) која заврши со 14 убиени мажи и момчиња ја зајакна поддршката за ИРА и за Мекгинис.
Тој стана „лицето“ зад Гери Адамс, кога беше осуден на шест месеци затвор поради членството во ИРА, и поттикнати од страна на изборниот успех на штрајкувачите со глад, републиканците одлучија да се кандидира за изборите.
Како политичар, тој остана истакнат републиканец, а во Дери продолжија убиствата.
Со тоа, ИРА почна да сфаќа дека ова не може да се реши со оружје. Беше прогласено примирје и започнаа преговори, кои резултираа со Договорот на Велики петок.
Свештеникот Харолд Гуд, еден од независните набљудувачи на разоружувањето на ИРА изјави: Доколку Мекгинис не го направеше овој чекор, немаше да ги просветли и останатите да тргнат со него на ова патување. Тоа не смее да се заборави.
Но Мекгинис имаше тешка битка за да ги убеди републиканците да го предадат оружјето и да прифатат политички начин на борба и владеење на правото, и преговарачите го знаеја тоа.
– Постигнувањето договор со овој човек веројатно беше најважниот договор што сме го направиле, бидејќи доколку се договориш со Мартин Мекгинис и можеш да соработуваш со него, можевме да соработуваме со секој друг републиканец, бидејќи тој беше нивниот автентичен глас, вели Иан Пејсли Јуниор од Демократската унионистичка партија, најголемата синдикална партија во Северна Ирска.

Така, некогашните лути непријатели, Иан Пејсли и Мекгинис создадоа Влада во која двете страни беа застапени подеднакво. Нивното партнерство прерасна во пријателство, па така ги нарекуваа “Браќата Чакл“.
-Тие се молеа заедно. Се сеќавам, мојот татко се молеше за Мекгинис кога неговата мајка беше болна. Тие има многу интимни разговори, беа блиски, тоа беше исклучителна меѓусебна почит, вели Пејсли Џуниор.
За Мекгинис тогаш се случи промената, и тој сега беше државник, па дури имаше и неуспешен обид да стане Претседател на Ирска.
Неговиот веројатно најзначаен гест како мироторец тој го направи кога јавно се ракуваше со британската кралица Елизабета за време на посетата на Белфаст.
Поделбата на моќта во Владата имаше успони и падови, а претставниците од Шин Фејн се менуваа. Само Мекгинис беше константен и најдолго остана на министерската позиција.
Ја напушти политиката по повод скандалот познат како „Пари за пепел“ (“cash for ash”) во врска со проектот за обновливи извори на енергија кој ќе го чинеше буџетот 500 милиони фунти. И тука се покажа оној слабиот Мекгинис кој се врати во родниот Богсајд истата ноќ.
– Секогаш бев горд што сум од Богсајд. Бев на многу познати места во светот.. но моето срце е во Богсајд и со народот во Богсајд, рече Мекгинис, заблагодарувајќи се на неговиот локален дијалект.
Зад себе ги остави сопругата Берни и нивните четири деца.






