Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународен ден на водата: Ќе се војува поради капка вода

0
By Нова ТВ on March 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 22, 2017 12:47

Денес светот го одбележува 22 март, Меѓународниот ден на водата. На овој значаен ден многу држави се соочуваат со голем недостаток на вода, како и неможноста за исполнување на основните потреби на човекот.

Според досега направените истражувања, до средината на овој век дури седум милијарди луѓе ќе бидат соочени со недостиг на вода, бидејќи бројот на жители на Земјата расте, а водените ресурси се намалуваат.

Освен ова, помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење. Како што расте бројот на населението во светот, се зголемуваат и потребите од вода за пиење, така што се очекува до 2025 година две третини од човештвото да почувствува сериозен недостиг на вода.

 Според најцрните прогнози, се приближуваме до периодот кога ќе се војува поради капка, вода, бидејќи дури над една милијарда луѓе нема пристап до здрава вода за пиење, 2.5 милијарди немаат соодветен водовод и канализација, а секоја година поради недостиг на вода умираат 1,6 милиони луѓе.

Рециклирање на водата

ОН повикаа на зголемување на обемот на третирање на отпадните води и нивно рециклирање, затоа што отпадните води се „есенцијална компонента во циркуларната економија“.

Во моментов „повеќе од 80% од отпадната вода во светот и повеќе од 95% во некои помалку развиени земји – се испушта во животната средина без претходно третирање на истата“, се наведува во новиот извештај на ОН, кој беше објавен денеска по повод Светскиот ден на водата.

Во извештајот е наведено дека во просек, во земјите со низок доход само 8 проценти од водата која се користи во домаќинствата и индустриската отпадна вода се третира пред да биде испуштена во околината, споредено со 70% во земјите со висок доход. Како последица, во голем број региони водата која е загадена со бактерии, нитрати и фосфати се испушта во реките и езерата – што на крајот завршува во океаните, предизвикувајќи штетни последици за животната средина и јавното здравје.

Од ОН препорачуваат отпадната вода да биде третирана и повторно употребена, затоа што токму тоа може да биде „трошковно ефективен и одржлив извор на енергија, нутриенти и други нуспроизводи кои можат да се извлечат од водата, и кои може да имаат директни бенефити за прехранбената и енергетската безбедност“.

– Отпадната вода е вреден ресурс во светот во кој водата е ограничена, а побарувачката расте“, изјави Гај Рајдер, претседател на агенцијата на ОН за вода и генерален директор на Меѓународната организација на трудот (ИЛО).

Тој повика на внимателно управување и рециклирање на водата која се користи во нашите домови, фабрики, фарми и градови.

Помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење

На 22 декември 1992 година, со резолуцијата A/RES/47/193, Генералното Собрание на ООН одлучи 22 март на секоја година да го прогласи за Светски ден на водата, согласно 21 Агенда на конференцијата на ОН за животна средина и развој. Во овој ден се повикуваат сите земји за да го дадат својот придонес на локално (национално) ниво со цел да се конкретизираат активностите во врска со информирањето на јавноста, иницирање на тркалезни маси, организирање на семинари и експозеа во врска со заштитата и развојот на водните ресурси, како и дискусија на фазите на препораките кои се дел од 21 Агенда на локално ниво. Согласно на оваа иницијатива се подготви и изгласаната резолуција на Генералното собрание на ОН, кое со една одлука го прогласи 22 март 2005 година како ден што го декларира и почетокот на Меѓународната декада 2005-2015 за акција, со тема „Вода за Живот“. Многу земји ја признаа декларацијата на ОН како и ги подржаа целите на ОН и нивната генерална цел „Вода за сите“.

Водата е скапоцена затоа што без неа нема да постои живот. И покрај тоа што изгледа дека на планетата Земја има вода во изобилство, факт е дека само помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење.

Овој ден се одбележува со цел на привлекување на вниманието за грижа за водата за пиење и со цел за апелирање спрема сите за да помагаат со управувањето на ресурсите за вода за пиење.

ОН Светски ден на вода
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

ВЕСТИ May 26, 2026

Албанија влегува во нова, финална фаза од преговорите со Европската Унија.

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.