Украина, која годинава е домаќин на на натпреварот Песна на Евровизија и забрани влез во земјата на руската претставничка Јулија, бидејќи таа во 2015 година настапувала на Керч на Крим, по руската анексија.
Оваа забрана се однесува на сите кои според мислење на Киев нелегално престојувале на полуостровот.
Русите пред оваа забрана најавија дека ќе го бојкотираат натпреварот и остро протестираа минатата година поради победата на украинската претставничка Џамала со песната „1944“, која говори за сталинистичкото протерување на Татарите од Крим.
Инаку руската претставничка Јулија Самоилова, од детство е врзана за инвалидска количка и пошироката јавноста ја запона пред три години на отворањето на параолимписките игри во Сочи. Забраната за неа е три години.
Спорно е учеството и на ерменската претставничка Арчвик Артуњан поради нејзината претходна посета на Крим.




