Седум лица се уапсени во рацијата на британската полиција во Бирмингем, која следи по вчерашните напади во Лондон, кога напаѓач прво со автомобил влета меѓу пешачи на Вестиминистеркиот мост, а потоа уби полицаец кој ја обезбедуваше зградата на Парламентот.
Иако претходно беше објавено дека во двата терористички напади во Лондон се убиени петмина, а над 40 се повредени, шефот на службата за борба против тероризам Марк Роули изјави дека досега четворица се убиени, а 29 лица се во болница, од кои 7 во критична состојба.
Се претпоставува дека напаѓачот во Бирмингем го изнајмил автомобилот со кој прегази пешачи на вестминистерскиот мост. Потврдено е дека истото лице потоа го извршило и нападот вез полицаецот пред британскиот Парламент.
Вооружени полицајци извршиле рација во куќа во Бирминем и ги затвориле петте главни приоди и неколку друи патишта кои водат во истата куќа, објави Скај њуз.
Како што се наведува, иако улиците се повторно отворени за сообраќај, полицијата и натаму го обезбедува реонот.
Скај њуз објави дека досега се уапсени седуммина, но полицијата од „оперативни причини“ не дава други детали за рацијата.
Меѓу убиените, кои се од различна националност, двајца се полицајци и двајца се случајни минувачи, дoдоека четвртиот е напаѓачот, соопшти полицијата.
Според најновите информации, едно лице го извршил нападот во Лондон, откако прво со автомобил ги згазил пешаците на Вестминистерскиот мост преку Темза, а потоа мавтајќи со нож втрчал во дворот на Парламентот и убил полицаец, кој како што се наведува бил невооружен.
Полицијата, според очевидци истрелала два куршуми кон напаѓачот, кому иако му е пружена медицинска помош, починал на самото место.
Марк Роули на новинарите им изјави дека се претпоставува дека напаѓачот бил инспириран од исламскиот екстремизам. Полицијата верува дека го знае идентитеот на напаѓачот, но не даде повеќе детали.
По нападот во медиумите се појави името на Абу Изадин Тревор Брукс, познат проповедник од Хекни кој ширел омраза, но подцна неговиот брат демантираше дека се работи за него, бидејќи Изадин во моментов е во затвор.
Инаку, британската престолнина денеска функционира нормално, освен пред зградата на Парламентот каде околните улици и приодот се затвроени, како и станиците на метрото. Исто така полицијата г предупреди граѓаните да не одат во одредени делови од градот. Во тек е форензичко испитување и натаму се собираат докази.




