Напаѓачот од вчерашниот тероризам во централен Лондон пред британскиот Парламент им бил познат на службите и бил приврзаник на “исламистичка идеологија“. Притоа тој прободе со нож еден полициски службеник, а за кој премиерката Тереса Меј рече дека “неговото херојство никогаш нема да биде заборавено“.
Четворица загинаа а речиси 40 луѓе се повредени по вчерашниот напад.
Помеѓу повредените има 12 Британци, три деца од Франција, двајца Романци, четворица државјани на Јужна Кореја, по еден од Германија, Полска, Ирска, Кина, Италија и САД и двајца Грци.
– Вчера преку еден терористички акт пробаа да ја замолчат нашата демократија, но денес се среќаваме нормално, како што генерациите пред нас го правеле тоа и како што идните генерации ќе продолжат, а тоа е да доставиме едноставна порака: Не сме уплашени и нашата одлучност никогаш нема да биде на тест пред тероризмот, рече денеска пред парламентарците Тереса Меј.
Таа изрази увереност дека се работи за еден терорист и дека нема потреба од паника за следни напади.
– Неговиот идентитет е познат за полицијата и разузнавачките служби и по истрагата ќе биде јавно соопштен, рече Меј.
Се работи за Британец роден во Обединетото Кралство.
– Овие вредности: слободата, слободата на говорот, човековите права и владеењето на правото се нашите корени и луѓето низ светот ги уживаат. Терористот дојде на место каде што луѓе од најразлични националности и култури го слават тоа и својот бес го истовари врз невини луѓе, забележа Меј.
Таа им се заблагодари на сите служби од светот кои соработуваат со нив за да не се повторат вакви терористички дејствија во иднина.




