Денес во белгискиот град Антверпен беше уапсен човек кој со автомобил се обидел да влета во голема група пешаци кои се движеле во главната трговска улица Мејр. Автомобилот бил со француска регистрација.
“Автомобилот се движеше со голема брзина по улицата Мејр и луѓето мораа да бегаат”, изјави шефот на полицијата на Антверпен. Според овој функционер човекот бил со северно-африканско потекло и носел маска на главата.
Автомобилот бил забележан од војниците кои се движат по белгиските улици откако по нападите во Париз од 13 ноември 2016 година и 22 март 2016 година во Белгија е на сила трет степен на тревога. Возачот минал на црвено светло и се упатил кон пешаците со авотомобилот.
Според полицијата во возилото има оружје и друг опасен материјал.
Истиот метод со возило кое удира во пешаци беше користен и во нападот во Ница минатото лето и во Берлин во декември.
Оттука, полицијата се сомнева дека станува збор за обид за терористички напад кој овој пат бил спречен во последен момент.




