Поранешниот јужноафрикански лидер Нелсон Мандела е во “сериозна, но стабилна состојба” по враќањето во болница со инфекција на белите дробови, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на соопштение на кабинетот на претседателот.
Мандела бил однесен во болница во Преторија денеска, откако неговата состојба се влошила.
“Лекарите прават се што е можно да му биде подобро и удобно,” се вели во соопштението.
Мандела, 94, стана прилично изнемоштен во текот на годините и не се има појавено во јавност од 2010, кога Јужна Африка беше домаќин на Светското првенство.