Актерка од Тексас е обвинета дека му се заканувала на претседателот- наводно му испраќала писма со рицин на американскиот претседател Барак Обама, јавува Би-Би-Си.
Шенон Ричардсон, 35, бремена мајка на пет деца, прво го обвинила сопругот за испраќање на писма, но властите велат дека таа всушност ги испратила.
Агенти во заштитни одела го претресле нејзиниот дом во Њу Бостон во средата.
Ричардсон има мали улоги во The Vampire Diaries, И The Walking Dead, според филмската база на податоци на ИМДБ.