Москвoвската полиција уапси повеќе од 300 луѓе во соба за молење на Муслиманите , вклучувајќи и 170 странци.
Нема официјално соопштение за причините за апсењето, а според Ројтерс, полициски извори информираат дека била конфискувана исламистичка литература со цел да се изврши проверка дали има екстремистичка содржина.
Ова е трета рација насочена кон муслиманските места на богослужба во Москва и Санкт Петербург оваа година, откако претседателот Владимир Путин издаде наредба за сузбивање на радикалните исламисти во пресрет на Зимските олимписки игри 2014 во Сочи.
Путин изјави дека “борбата против корупцијата, криминалот и бунтот мора да се спроведе доследно и остро”, додавајќи дека ситуацијата во Северен Кавказ треба да се држи под одредена контрола.