НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарите го бираат новиот состав на парламентот, трет во четири години

0
By Нова ТВ on March 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Бугарија, се отворени гласачките места на парламентарните избори на кои социјалистите, кои се сметаат поблиски до Русија, се обидуваат да спречат повторно освојување на власта на кандидатот на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, кој веќе беше два мандати премиер на оваа земја, пренесува АФП.

Агенцијата соопшти дека се очекува ГЕРБ, која е за ЕУ, и Бугарската социјалистичка партија, предводена од нов лидер, енергичната Корнелија Нинова, да освојат околу 30 отсто од гласовите.

Медиумите наведуваат  дека избирачките места беа отворени утрово во седум часот по локално време, а првите резултати се очекуваат набрзо по завршувањето на гласањето вечер во 20 часот.  Право на глас имаат околу 6,8 милиони луѓе.

Ројтерс ги пренесе резултатите од најновите анкети според кои ГЕРБ, на поранешниот премиер Борисов е во блага предност во однос нс БПС, чија популарност е во пораст, откако кандидатот кој таа партија го поддржа, Румен Радев, победи на претседателските избори во ноември. ГЕРБ има поддршка од 31,7 отсто од гласачите, додека во чекор ја следат социјалистите со поддршка од 29,1 проценти од гласачите.

Борисов поднесе оставка по победата на Радев, поради што се одржуваат третите парламентарни избори во Бугарија во рок од само четири години. Ако ја задржи власта, се очекува дека ГЕРБ и натаму ќе ги намалува јавните трошоци, за разлика од социјалистите кои ветија зголемување на платите и пензиите и на јавните расходи.

Но, најверојатно ниедна партија нема да освои доволно гласови за да може сама да владее, па извесно е дека ќе биде неопходна поддршка од Обединетите патриоти, коалиција од три националистички партии кои, според анкетите, се на трето место по популарноста, и тоа благодарејќи на распространетиот гнев поради прилив на мигранти.

Иако Бугарија историски има силни врски со Москва, партијата ГЕРБ на Борисов, е проевропски ориентирана и ги поддржа санкциите на ЕУ против Русија поради нејзината улога во украинската криза.

Од друга страна, социјалистите на чело со 47-та Корнелија Нинова ветија дека ќе гласаат за натамошни санкции, што претставува уште една потенцијална главоболка за ЕУ во момент кога се соочува со излез на Британија од Унијата и продор на десничарските популисти.

Аналитичарите потсетуваат дека и по 10 години откако стана членка на ЕУ, Бугарија и натаму е најсиромашна членка на Унијата, со распространета корупција. Оваа земја останува популарно место за Русите, а освен тоа зависи и од руското снабдување со енергија, додека многу Бугари чувствуваат силна културна поврзаност со Русите со кои ја делат кирилицата и православната вера.

Бугарија го превзема шестмесечното претседавање со ЕУ во јануари 2018 година.

 

Бојко Борисов Бугарија избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.