Иако од загинувањето на принцезата Дијана минаа 16 години, нејзината смрт се уште предизвикува бројни контроверзии и теории на заговор.
Најновата ја објави американскиот таблоид „Глобе“ кој тврди дека постојат докази дека поранешната сопруга на принцот Чарлс е убиена поради заговор во кралската палата.
Според Глоуб принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон побарале нова истрага за сообраќајката во која загина принцезата Дијана во 1997 година – пишува nation.com.pk.
Според nation.com.pk., печатеното издание на Глоуб на 17 јуни ќе објави дека полицијата ги прикрила доказите за убиството на Дијана.
Новата книга на Џон Морган околу смртта на принцезата исто така го поставува пршањето дали Скотланд Јард ги прикри доказите за нејзиното убиство.