Европската унија утринава ја повика Русија «без одлагање да ги ослободи мирните демонстранти». Вчера стотици од нив беа притворени за време на протестите против корупцијата во Русија.
«Полициските операции во Руската федерација кои се обидоа да ги растурат демонстрантите и притворија стотици граѓани, помеѓу кои и лидерот на опозоцијата Алексеј Навални, ги спречија да ја изразат нивната фундаментална слобода како што е слободата на изразувањето, на здружување и мирни протести. Сите овие слободи за запишани со рускиот Устав», реагира ЕУ преку соопштение.
ЕУ бара од руските власти да ги почитуваат нивните меѓународни обврски и да ги почитуваат правата од тие обврски и без одлагање да ги ослободат уапсените лица.
Рускиот опозиционер Навални и стотици од неговите приврзаници беа притворени вчера во цела Русија за време на анти корупциските протести. Ова беше најголемата граѓанска мобилизација од 2012 година кога Владимир Путин се врати како претседател на Русија. На протестите вчера учествуваа десетици илјади лица во целата земја па дури и во провинциските градови.
Утринава Навални беше изведен пред истражен судија отако ноќта ја мина во затвор.
Навални најави дека во 2018 година ќе биде кандидат за претседател на Русија.




