Советникот во Советот за човекови права на ОН Жан Циглер вели дека минатата година 54 милиони луѓе се убиени во војни, починале од глад, од загадена вода или од одамна искоренети епидемии.
Циглер во интервју за виенскиот дневен весник Курир оценува дека Третата светска војна е веќе во тек и дека живееме под светска диктатура на глобалниот финансиски капитал.
-Олигарсите од 500 најголеми концерни контролираат 52,8 отсто од светскиот бруто социјален производ. Тоа емож која ја нема ниту еден крал, цар и папа. Концерните не се под државна контрола и следат само една стратегија – зголемување на профитот. А денес во САД милијардерите се директно на власт, вели Циглер.
Тој укажува и на тоа дека, и покрај парцијалниот напредок во намалувањето на жртвите од сиромаштијата и натаму од 7,3 милијарди луѓе, една милијарда постојано галдува, што е последица на како што вели „канибалскиот светски поредок“.
Кога станува збор за Доналд Трамп и неговите изјави за намалување на учеството во меѓународните организации, Циглер предупреди на тоа дека САД се најголем финансиер во ОН, со 26 отсто од вкупниот буџет, односно во мировните мисии учествува со 60 отсто од средствата.
-Ако Трамп го намали финансиското учество, УН ќе бидат парализирани, рече Циглер.
Истовремено изрази уверување дека Трамп нема да биде четири години на местото претседател на САД, оценувајќи дека ќе следуваат или психијатриски проблеми или притисокот ќе биде толку голем што тој нема да може да владее.
Според Циглер, варијантите се или поднесување оставка или изгласување недоверба.




