Јужнокорејските обвинители соопштија дека ќе побараат налог за апсење на претседателката на државата Парк Геун Хје, со што се предвидува нејзино задржување во затворска ќелија до 20 дена додека трае истрагата по обвиненијата за земање мито од големите компании.
Одлуката да побараат налог за апсење на Парк, канцеларите на Обвинителството ја образложи со тоа дека има причина за сомнение дека бившата претседателка се обидува да ги уништи доказите, пренесува Ројтерс.
Парк Геун Хје е осомничена дека во сорабтка со нејзината пријателка Чои Сун Сил вршела притисок на големите компании да упаќаат фонации во две фондации, кои се основани за да ги поддржат нејзините политики иницијативи.
Доколку судот одобри налог за апсење, Парк Геун Хје (65) ќе стане третата бивши претседател во државата која е задржана во притвор додка е под истрага.
Парк е првата демократски избрана претседателка која е отповикана од својата позиција.
Неодамна е сослушана во Обвинителството во рамки на истрагата за корупцискиот скандал во кој е вмешана. Обвинителите ја испитаа како осомничена првпат откако Уставниот суд на 20 март ја потврди декемврската одлука на Парламентот за нејзиното отповикување.
Меѓутоа обвинителите одбија да прокоментираат дали Парк ќе биде повикана на дополнителни испитувања или дали ќе побараат нејзино апсење.
Бившата претседателка на Јужна Кореја се уште не е обвинета, но и се закабнува затвор во траење од повеќе од 10 години доколку биде прогласена за виновна за примање мито од директорите на големите компании.




