Рускиот суд му изрече парична казна од 20.000 рубљи на опозицискиот лидер Алексеј Навални поради улогата во организирање, на како што тврдат руските власти, нелегалните протести во Москва.
Судот подоцна денеска ќе расправа за второто обвинение против Навални за непочитување на полицаец.
Москва претходно ги отфрли повиците на САД и ЕУ да ги ослободи демонстрантите уаспени во текот на „нелегалните демонстрации“ и ги обвини организаторите дека платиле тинејџери да учествуваат, изјави портпаролот на рускиот Претседател Дмитриј Песков.
Тој на прес конференцијата протестите ги нарече „провокација“ и истакна дека функционерите треба да бидат загрижени дека опозициските активисти би можеле да ги охрабрат луѓето во иднина да го кршат законот.
Според неговите зборови, Кремљ внимателно ќе сослуша што порачале учесници на протестот.
АП пренесува дека Песков рече дека и дека Кремљ го почитува правото на протест, но дек протестите одржани вчера ги отфрла како незаконски.




