Турската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера околу петте илјади демонстранти, кои синоќа протестираа на плоштадот Кизилај, во центарот на Анкара. Според извештаите на некои турски медиуми во протестите се повредени неколку лица.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера поворно ги повика демонстрантитре итно да ги прекинат протестите, но протестите продолжија на десетици илјади лица на плоштадот Таксим во Истамбул.
На демонстрантите во Истанбулим се придружија и илјадници навивачи на фудбалските клубови „Фенербахче“, „Бешикташ“ и „Галатасарај“, коис е здружија и покрај нетрпеливоста.
Во турските протести кои започнаа заради протест за сечењето на дрвјата во паркот Гези досега загинаа три лица, а илјадници се повредени.