Рафаел Надал ќе стане првиот човек да освои Гренд Слем титула осум пати по ред, ако го победи Давид Ферер во Францускиот Опен Ролан Гарос, на денешното финале, кое не започнува пред 15:00, според официјалниот Веб сајт на турнирот.
Седумкратниот шампион има 58-1 рекорд на Ролан Гарос во натпревар против неговиот шпански колега, пишува Би-Би-Си.
“Тоа ќе биде голем ден за спорт во Шпанија”, изјави Надал. “Многу тешко да се имаат двајца шпански играчи во финалето, па тоа се фантастични вести.”
Светскиот рекет број пет Ферер, 31, ќе го игра своето прво Гренд Слем финале. Тој се соочува со тешка задача против човекот кој доминираше на Францускиот Опен во речиси една деценија, и против кого има само четири победи во 23 средби.”Знам дека тој е фаворит, но јас ќе бидам фокусиран во секој момент”, рече Ферер. “Ќе се обидам да дадам се од себе.”Јас не размислувам за Рафаел, без разлика дали тој е подобар од мене или не. Јас ќе се обидам да се борам многу и да играм многу добар натпревар.”
Со евентуалната победа, Надал би ги надминал Пит Сампрас и Роџер Федерер како седумкратни победници на Вимблдон, како шампион со осум титули на Гренд Слем во машкиот тенис.