Oбвинителството на чело со Марко Зврлевски доставило барање за заштита на законитоста за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, потврдил за Алсат М, новиот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски.
Од Основното јавно обвинителство засега нема одговор зошто бараат највисокиот суд да ја преиспита одлуката за притвор на сопственикот на телевизија Нова.
Нејасно е дали воопшто Марко Зврлевски има надлежност да достави вакво барање до Врховен суд.
Бизнисменот Сеад Кочан повеќе од две недели е во бегство откако Кривичниот суд му одреди притвор кој Апелација само го потврди. По него е распишана и меѓународна потерница. Неговиот адвокат упорно тврди дека Кочан е на службен пат.