Јужноафриканскиот лидер Нелсон Мендела на помина втората ноќ ден во болница поради сериозно нарушување на здравствената состојба настаната како последица на воспаление на белите дробови.
Неговата состојба е критична но тој е стабилен,јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на изјава од болницата во Преторија.
94. годишниот Мендела во измнинатите неколку години се соочи со влошување ба здравствената состојба повеќе пати.
Мендела како борец за човекови права во времето на апархејдот издржуваше затворска казна во траење од 27 години. По промените во 1994 стана претседател на Јужноафриканската република. Политиката ја напушти во 1999 кога му истече претседателскиот мандат.
Мендела е и понатаму симбол на борбата за правда поради што последната вест за неговата хоспитализација ја вознемири јавноста во неговата земја но и во светот.