Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп е намален по минатонеделниот неуспех со предлог законот за здравствена заштита, покажува анкетата на порталот „Политко“ со агенцијата „Морнинг консалт“.
Процентот на Американците кои ја одобруваат работата на Трамп оваа недела, според ова истражување паднал на 46 проценти во однос на 50 отсто колку што беше минатата недела.
По првпат во анкетата на „Политико“ и „Морнинг консалт“, повеќе гласачи сега не ја одобруваат неговата работа, отколку што се „за“.
Другите анкети се уште понеповолни за Трамп кој немаше „меден месец“ со гласачите што е вообичаен за почетокот на претседателскиот мандат, истакнува „Политико“, додавајќи дека мандатот на Трамп од почетокот е под товарот на врските на неговиот тим со Русија.
Предлогот на Републиканската партија за замена на системот на здравствена заштита што го воведе претходникот на Трамп, Обама, минатата недела доживеа дебакл откако е повлечен од процедура во Конгресот, поради недоволната поддршка меѓу републиканците од крајната десница.
Укинувањето на популарниот Обамакеар беше едно од клучните предизборни ветувања на Трамп.




