Поранешниот помошник – техничар во ЦИА, Едвард Сноуден (29), идентификуван како „свиркач“ е човекот кој на британски Гардијан му ја разотри големата шпионска афера во САД и кој е одговорен за едно од најважните протекувања на податоци во јавноста во поновата американска историја.
Тој тврди дека сакал да ја извести американската јавност за опасноста која за нив се наоѓа на интернет.
Пред неколку дена нов американски скандал ја потресе администрациата на Барак Обама.
Објавено беше дека американските шпионски агенции НСА и ФБИ влечат податоци од серверите на девет водечки американски информатички фирми – Фејсбук, Гугл, Јаху, Микрософт, Скајп и Епл.