Нивото на Дунав во Будимпешта опаѓа, откако вчера реката ги достигна рекордните девет метри.
7.000 војници како и неколку илјади волонтери го бранеа градот од надојдената вода.
Во исто време од саат во саат во Хрватска мерилата бележат пораст на нивото на водата.
Прва на удар е Батина и таму се очекува најголемо количество на вода. Мерните станици бележат дека во осум часот се измерени 687 цм, во девет 696, додека во десет часот 699 цм.
Прогнозите се дека нивото ќе се искачи на над 750 сантиметри, а насипите можат да издржат до 800 сантиметри. Превентивно се подготвуваат околу 350.000 вреќи со песок, додека во одбраната од поплавите е вклучена и војската.
Во поплавите кои ги зафатила Германија, Австрија, Словачка и Чешка досега загинаа 19 луѓе.
Медиумите велат дека ова се поплави кои што не се паметат.