Првите резултати од претседателските избори во Србија, по избројани 50.8 отсто гласачки места, велат дека победник е Александар Вучиќ со 56,5 отсто добиени гласови, според агенцијата Ипсос.
“Можеме да кажеме дека Вучиќ е избран за претседател”, изјави за агенцијата АФП Марко Уљаревиќ од агенцијата Ипсос.
По него следи Саша Јанковиќ со 15,3 отсто а потоа Лука Максимовић Бели со 9,2 отсто освоени гласови. Вук Јеремиќ освоил 5,6 отсто а Војислав Шешељ 4,5 отсто.
Право на глас имале 6.724.949 избирачи кои гласале на 8.396 изборни места.
Изборниот ден минал мирно, изјавил за РТС председателот на Државната изборна комисија Владимир Димитријевиќ. Имало мали неправилности но тие, според Димитријевиќ, биле брзо отстранети.
Српските медиуми јавуваат дека 55 отсто од запишаните гласачи излегле да гласаат што на најмалата излезност од изборите во 2012 година.
Според правилата и доколку овој резултат се потврди на крајот на броењето на гласовите, втор круг нема да има и нов српски претседател ќе биде Вучиќ.
Вучиќ стана премиер на Србија во 2014 година. Во минатото Вучиќ беше ултранационалист но подоцна одлучи да стабне центрист и да се доближи до ЕУ. Тој со цврста рака ја води неговата партија СНП, Српска напредна странка но и целата земја.
Српската опозиција, која е слаба и поделена, го обвини Вучиќ дека е авторитарен. На што Вучиќ денес одговори дека ова обвнување е “смешно”.
Се уште не е познато кој ќе биде новиот премиер на Србија но нема сомнение дека Вучиќ ќе постави на ова место негов близок и верен соработник.




